Тажна вест утрово го потресе фудбалскиот свет.
Фудбалскиот свет е во шок по веста дека еден од активните играчи на англискиот клуб Ливерпул, Диого Жота (28), трагично го загубил животот рано утринава во сообраќајна несреќа во Шпанија.
Несреќата се случила на автопатот А-52, во близина на општината Палациос де Санабрија, во покраината Самора. Возилото со кое патувал фудбалерот заедно со својот брат Андреја (26), исто така професионален спортист, излетало од патот и се запалило. Огнот брзо се проширил и на околната вегетација.
Очевидци веднаш повикале итна помош, но, за жал, не можело да се направи ништо. Двајцата браќа ги загубиле животите на самото место.
View this post on Instagram
Веста веднаш предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи – од соиграчи, тренери и фудбалски клубови кои изразуваат неверување и сочувство. Спортските новинари и навивачи ширум светот ја опишуваат загубата како „неверојатна“ и „неверојатно тажна“.
Играчот беше познат по својот пожртвуван стил, техничка подготвеност и огромна посветеност на играта. Кариерата му беше во подем, а зад себе остави семејство, соиграчи и илјадници фанови кои денес жалат за прерано згаснатиот живот.
Фудбалскиот клуб Ливерпул сè уште не излезе со официјално соопштение, но се очекува минута молк на следниот натпревар, како и посветена комеморација.
Несреќата се случува само 11 дена по венчавката на Жота, зад себе остави и три деца.
![]()

