Морничави снимки од изгореното возило во кое животите ги загубија фудбалерот Жота и неговиот брат (ВИДЕО)

Шпанската полиција објави детали за тешката сообраќајна несреќа во која животите ги загубија фудбалерот Диого Жота, играч на Ливерпул, и неговиот брат Андре Фелипе.

Несреќата се случила утрово околу 00:30 часот на 65-ти километар од автопатот А-52, во општината Чернадиља, во провинцијата Замора. Според првичните информации, автомобилот во кој биле браќата излетал од патот, најверојатно поради пукање на гума при обид за претекнување.

Во несреќата возилото се запалило, а двете лица кои биле во автомобилот го загубиле животот на лице место. Полицијата ја потврдила идентификацијата на загинатите и дека се тоа Диого Жота и неговиот брат.

Првите снимки од местото на трагедијата ги прикажуваат последиците од несреќата на автопатот А-52 кај Чернадиља.

Се очекуваат форензички тестови за целосно утврдување на околностите околу несреќата.

Loading