Кој ќе оди во финале на Вимблдон – Ѓоковиќ или Синер? Одговорот ќе го дознаеме вечерва по завршувањето на второто полуфинале кое е во тек.
Светскиот број 1 тенисер Јаник Синер, не загубил од Ѓоковиќ од ноември 2023, а последен пат го совлада во полуфиналето на Ролан Гарос. Но, Новак има две победи над Италијанецот токму на Вимблдон – драматично четвртфинале во 2023 и убедливо полуфинале една година подоцна.
Своја прогноза за тоа кој ќе оди во финале даде и тенискиот ас Роџер Федерер. По кратко двоумење, насмеан изјави за „Спорт клуб“:
– Мислам, Новак.
![]()

