Страшно злосторство во Прилеп: Вујко оставил порака, ги намамил роднините во куќа, па ги убил, пукал и кон полицијата…

Тројно убиство и самоубиство ја потресоа Македонија,трагедијата се случи во Прилеп.

Прилеп е потресен од трагедија во која беа пронајдени мртви тројца членови на иста фамилија, 43-годишен маж, неговиот 13-годишен син и нивниот роднина, 62-годишен маж, во чија куќа се случил настанот. Случајот го потврдија МВР и Јавното обвинителство.

Во саботата попладне, таткото и детето отишле на покана кај вујкото во куќа на улицата Стеван Апостолоски, каде што, според првичните информации, околу 15.30 часот се слушнале истрели. Сопругата ги пријавила за исчезнати во 21.20 часот, откако не можела да ги добие на телефон и го забележала автомобилот на сопругот пред куќата.

Полициски екипи се упатиле на местото и, по налог од обвинител, насилно влегле во куќата. Напаѓачот фрлил рачна бомба која не експлодирала, а потоа отворил оган кон полицијата. По кратка престрелка и повлекување на службениците, напаѓачот се самоубил.

Екипа на Брза помош по полноќ потврдила смрт кај сите тројца. Според МВР, мотивот најверојатно е поврзан со семејни имотно-правни односи, а убиецот оставил и објава на Фејсбук по убиствата.

За грозоморните убиства пишуваат и регионалните медиуми.

На местото на настанот биле пронајдени два пиштола, рачна бомба, муниција и документи за имот. Истражните органи ги расчистуваат околностите и потврдиле дека се работи за двојно убиство и самоубиство.

Loading