Крај на тениската бајка: Циципас и Бадоса официјално ја потврдија разделбата

Најпознатиот тениски пар во последно време, Стефанос Циципас и Паула Бадоса, официјално ја потврдија својата разделба. Иако шпекулациите за крај на нивната врска кружeа уште за време на Вимблдон, официјалната потврда дојде откако двојката го откажа заедничкото учество на претстојниот турнир US Open.

Првите јасни сигнали за разделбата беа кога Циципас и Бадоса престанаа да се „следат“ на Инстаграм, што во денешната дигитална ера се смета за сериозен знак за крај на романса. Ова се совпадна со елиминацијата на Циципас во првото коло на Вимблдон, по што фановите забележаа дека Бадоса ја нема меѓу неговите следбеници.

Шпанското списание „Хола!“ неколкупати објави за нивната разделба, а последниот доказ за тоа е нивното откажување од заедничко појавување на US Open, што конечно ја затвори темата.

И покрај крајот на врската, Циципас претходно изјави дека уживал во заедничката игра со Бадоса, потенцирајќи дека нивното пријателство и соработка на теренот биле исклучително позитивни.

Loading