Изгоре магацинот и канцелариите од велешката фабрика „Мирана“ (ВИДЕО)

Пожарот што избувна во фабриката за прехранбени производи ДПТУ „Мирана“ ДООЕЛ во Велес, синоќа (04.08.2025), е целосно локализиран рано утринава, на 05.08.2025 година, во 04:00 часот, објави 4NEWS.mk

Според информациите добиени од СВР Велес и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес, пожарот бил пријавен во ТППЕ во 22:00 часот, а во СВР Велес во 22:20 часот. Пожарот зафатил магацински простор во кој се чувала пластична амбалажа, фрижидери и друг материјал, како и канцеларии со документација и други предмети.

Иако пожарот е ставен под контрола, на одредени места сè уште има слаби чадења, поради што екипите остануваат на терен со цел спречување на можно повторно разгорување, објави 4NEWS.mk

Во гаснењето на пожарот учествуваа:

3 противпожарни возила од ТППЕ Велес со екипи од три смени,
1 возило од ЈКП „Дервен“,, објави 4NEWS.mk
2 специјални возила на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и 6 полициски службеници од СВР Велес.

Засега не се пријавени повредени лица, а увидот за утврдување на причините за избувнување на пожарот е во тек, објави 4NEWS.mk

Loading