Шпанските власти по третпат го казнија Новак Ѓоковиќ поради нелегални градежни работи на неговиот имот во областа Сиера Бланка, Марбеља.
Општината Марбеља уште од февруари барала од семејството Ѓоковиќ да ги легализира изведените работи или да ги отстрани деловите кои не се во согласност со прописите. Бидејќи овие барања не биле исполнети, изречена е нова, трета парична казна.
Со последната санкција, вкупниот износ што тенисерот го платил достигна 15.000 евра. Ѓоковиќ доставил два документа во обид да докаже дека постапува согласно законот, но локалните власти сметаат дека обврските сè уште не се исполнети.
Српскиот ас, кој по Вимблдон одмараше неколку недели, денес официјално ги започна подготовките за УС Опен, кој стартува на 24 август.
![]()

