Српските власти тврдат дека 70 илјади луѓе учествувале на протестите свикани од партијата на Вучиќ, снимките покажуваат сосема друго (Видео)

Вчера во Србија се одржаа протести наречени „граѓаните против блокадите“, свикани од Српската напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ.

Директорот на полицијата, Драган Василевиќ, изјави дека речиси 70.000 луѓе учествувале на протестите кои се одржале во 71 град, и дека сè поминало без инциденти.

Сепак, граѓаните на социјалните мрежи објавија видеа кои покажуваат дека на собирите имало многу мал број луѓе.

Протестите се одржаа во Уб, Инѓија, Аранѓеловац, Врњачка Бања, Лозница, Крушевац, Лесковац, Зрењанин, Дољевац, Шид, Обреновац, Трговиште, Бор, Прибој, Рума, Рашка, Косовска Митровица, Бачка Паланка, Сремски Карловци, Бачка Топола, Лучани, Пожаревац, Неготин и уште во неколку градови.

Учесниците носеа транспаренти со пораки: „Сакам живот“, „Мир да, блокади не“, „Денови на мир – слободна Србија“, како и балони и знамиња.

Loading