Жителите на еден од најубавите планински врвови на Балканот, Ому, во областа Брашов во Романија, беа изненадени кога новиот ден ги пречека со температура од минус 2 степени Целзиусови.
Наглиот пад на температурите следеше по силно невреме проследено со град, кое нанесе материјални штети во областа. Мештаните велат дека градот бил поголем од топчиња за пинг-понг и признаваат дека никогаш досега не доживеале вакво метеоролошко изненадување во ова доба од годината.
Планинската служба за спасување во Брашов соопшти дека кај метеоролошката станица навистина паднал и првиот снег, дека глетката е волшебна, а објавија и видео снимка направена од нивни колега.
Истовремено упатија предупредување до сите планинари и посетители на излетничките патеки да бидат подготвени за драстични промени на времето и за екстремни услови што можат да ги затекнат на терен.
![]()

