„Не заборавај кој те пренесе во Албанија“ – БУЈАР бара против услуга од ГРУЕВСКИ?!

Потсетување на  изјавите на Османи додека беше министер за надворешни работи:

Османи: Екстрадицијата на Груевски е прашање за судските органи, на ниту една држава не е во интерес премиер да биде во егзил, објави 4NEWS.mk

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска посочи дека екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски е прашање за судските органи, но останува на ставот дека поранешниот премиер треба да биде во Северна Македонија и тука да се соочи со правдата, затоа што не е во интерес на ниту една држава премиер да биде во егзил, објави 4NEWS.mk

-Прашањето за екстрадицијата на поранешниот премиер не е прашање на надворешно политичка комуникација, туку е прашање на судските органи и на министерствата за правда кои што си комуницираат во тој дел. Јас останувам на ставот дека поранешниот премиер треба да биде во Северна Македонија и да се соочи со правдата тука, затоа што не е во интерес на ниту една држава премиер да биде во егзил, рече Османи на денешната заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, во одговор на новинарско прашање.

Во партијата ВЛЕН добиле потврда дека пред неколку недели имало панична комуникација на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ во врска со кандидатурата на Бујар Османи за градоначаник на скопската општина Чаир, брифираат партиски извори за Плусинфо.

Али стандардно со емисари за да не се брука

Имено, првакот на ДУИ, Али Ахмети, пред неколку недели испратил емисари кај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за да прашаат дали кандидатурата на Бујар Османи за Чаир – со висок ризик да изгуби и тоа да значи крај на политичка кариера на поранешниот министер за надворешни работи – може да се смета за јасен сигнал дека ДУИ е подготвен за внатрешни реформи после локалните избори.

Следувал молк?

Извори на Плусинфо тврдат дека од Бујар Османи бил криен негативниот одговор, вклучително и сите детали од аргументацијата. Во ДУИ стравувале дека Османи би можел да си ја навлече аурата на лузер или дури и да се пишмани пред рокот за поднесување на кандидатури утврден од ДИК.

На големо се шпекулура дека Османи во приватни кругови искрено споделил дека направил погрешна проценка за кандидат за Чаир, особено откако на терен станал свесен дека гласачите не му се наклонети нему и на ДУИ генерално, тврдат бриферите.

Во меѓувреме, во централата на ДУИ се преминало на планот Б

Наводно, некој од штабот на Бујар Османи на унгарски мобилен телефон испраќал смс-пораки со следната содржина:

“Не заборавај кој те пренесе во Албанија, помогни му на Бујар, знаеш колку сакаше да те врати во Македонија кога беше министер за надворешни”!

Во очекување на одговор или реакција од Османи и ДУИ да ги коментираат овие гласини, особено за линијата Мала Речица – Будимпешта.

Извор: Плусинфо

Loading