Вучиќ пристигна во Пекинг – еве како беше дочекан и зошто е таму (Видео)

Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Пекинг денес наутро, со што ја започна својата повеќедневна посета на Кина, каде ќе присуствува на одбележувањето на 80-годишнината од победата во Втората светска војна. Посетата се реализира на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг.

Вучиќ на аеродромот беше пречекан од високи кинески официјални лица, а медиумите пренесуваат дека атмосферата била топла и свечена. За време на посетата, српскиот претседател ќе оствари средби со претседателот на Кина, Си Џинпинг, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, како и со други високи кинески функционери и претставници на големи компании.

На 3 септември, Вучиќ ќе присуствува на голема воена парада во Пекинг по повод Денот на победата, на која се поканети лидери од 26 земји. Ова ќе биде и важен момент за јакнење на стратешките односи меѓу Србија и Кина.

Инаку, Вучиќ и Си Џинпинг веќе се сретнале во Пекинг во октомври 2023 година, кога беа потпишани 18 договори, меѓу кои и Договорот за слободна трговија меѓу Србија и Кина. Претходно, во мај 2024 година, Си Џинпинг ја посети Србија, а двајцата претседатели потпишаа Заедничка изјава за продлабочување и унапредување на стратешкото партнерство и изградба на заедница Србија-Кина со заедничка иднина, при што беа разменети 28 документи за соработка.

Во меѓувреме, огромен број на граѓани на Србија се излезени на улиците и продолжуваат со протестите кои стануваат се погласни и помасовни.

Loading