На завршниот митинг од Скопје, Мицкоски се осврна и на Кичево и кандидатот од редовите на неговата партија. Според него, Кичево се наоѓа пред историска можност да избере градоначалник што ќе ги промовира инклузивноста и соживотот меѓу сите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва се обрати на завршниот митинг во Скопје за вториот круг од локалните избори кој се одржа на платото пред Филхармонија и најави дека следува период на реализација на 70 нови проекти во различни области, како образование, здравство, земјоделство, култура, проекти, за кои, како што додаде, ќе значат нова развојна фаза на Македонија.
„Нашата цел не е само политичка победа, туку обединување на вербата дека Македонија може и мора да биде подобра земја. И оди потешко од што мислевме, но сепак основите ги поставивме. Некои мислеа дека тоа ќе оди преку ноќ, но темел не се прави од муабет, туку од пот и многу поминати часови на средби, планирања, анализи, патувања, размена на мислења и одлуки. И затоа денеска можам да кажам дека темелот е поставен. Сега, по изборите, почнува фаза на жестока фаза и големи резултати“, кажа тој.
![]()

