Гласачите одбраа четири жени за градоначалнички во Македонија

На овие локалните избори четири жени успеаја да ја добијат довербата на граѓаните и да бидат избрани за градоначалнички во своите општини. Една од нив победи во првиот круг и три во вториот изборен круг. Во првиот круг, во Кисела Вода беше избрана Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Во вториот круг, втор мандат освои Соња Стаменкова од СДСМ во Македонска Каменица. Градоначалнички мандат во вториот круг освоија и кандидатките на ВМРО-ДПМНЕ Марија Нацева во Неготино и Наталија Димитриева во Демир Капија. Инаку, на сегашните избори имаше вкупно 309 кандидати за градоначалници, од кои само 32 беа жени.

Loading