Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити синоќа во своето гостување во емисијата „Директно“ на Телма изјави дека изборот за иден лидер на Вреди ќе биде меѓу него и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.
„Тука некаде е. Тој е повеќе фактор во Тетово, јас во Скопје. Ова се два главни града каде се концентрирани Албанците и затоа работиме на креативни решенија. Има повеќе решенија низ партиите во Европа, разгледуваме модели од Германија“, посочи Меџити.
![]()

