Во славната Дебрца, вековната традиција на Василица (во очи на 14 јануари) годинава доби посебен сјај и топлина, благодарение на гостопримството на локалните жители и присуството на лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески, кој беше василичарски кум.

Во домот на домаќинот Даниел Бауловски, традиционалното делење на мазникот (губа) со скриена паричка, повторно донесе среќа токму кај Богојески – паричката му се падна него, што според народното верување ветува изобилство и благослов во текот на годината. Како знак на почит и благодарност, тој му подари на домаќинот икона и сребрена паричка посветена на Свети Василиј Велики, светецот чиј ден се слави како именден, домашна слава и продолжение на бадниковските обичаи.


Атмосферата беше прекрасна: среќни мештани, насмевки, заедништво и вистинско уживање во една од најубавите македонски традиции што се пренесува низ генерации. Огнови, песни, ора, благослови и семејна радост – сето тоа го одбележа празникот во Дебрца, каде што луѓето и натаму живо ја чуваат својата културна и духовно наследство.

„Благодариме за гостопримството, се гледаме до година повторно, да сме здрави и живи“, напиша Богојески по повод настанот, додавајќи ги хаштаговите #своинасвоето и #МакедонскиКонцепт – порака за гордост на своето, на македонското и на вредностите што ги обединуваат луѓето во вакви мигови.

Василица во Дебрца не е само празник – тоа е жив доказ дека македонската традиција продолжува да пулсира, да собира луѓе и да носи надеж за уште подобра и поубава иднина. До следната година – со здравје, среќа и многу парички кај сите!
![]()

