Не можевме да предвидиме дека Бугарија ќе го блокира почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Тоа го изјави германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот со шефовите на држави и влади од шесте земји од Западниот Балкан. Тоа значи дека Меркел тера мајтап со Заев. Нејзината служба БНД шефува во Бугарија. Тие знаат во колку саат Бојко и компанија одат во ВЦ, а не што планираат во надворешна политика.
Оценувајќи го напредокот на регионот во последните 16 години откако таа е германски канцелар, Меркел рече дека имало и добри и лоши моменти. Генералната оценка на Меркел е дека во последните седум години, од почетокот на таканаречениот Берлински процес, имало успеси. Но и оти останува доста да се сработи во делот на борбата против корупцијата. Тоа е потврда дека покрај САД и ЕУ ја гледаат корумпираната македонска влада како проблем за ЕУ интерграциите. Не само Бугарија и бандитите на власт во таа земја.
Како позитивен пример од регионот таа го наведе таканаречениот „ветинг” процес во Албанија. Оцени дека Берлинскиот процес отворил нов квалитет во соработката во регионот. Но за Македонија, Меркер реши да прави мајтап со владата на премиерот Заев.
Според Дојче Веле, во делот на изненадувачкиот развој на настаните, Меркел ја наведе бугарската блокада на Македонија.
– Некои тешкотии не можете да ги предвидите. Долго гледавме како Македонија и Грција преговараа за името. Откако се реши спорот, Македонија стана членка на НАТО. Но одеднаш Бугарија го блокираше почетокот на преговорите за членство во ЕУ, рече Меркел.
Германската канцеларка уште еднаш повтори дека иднината на регионот е во ЕУ. Според неа, не е интерес само на земјите од Западниот Балкан туку и на самата ЕУ. Наведувајќи ги тешкотиите со кои се соочува регионот, Меркел наведе три: спорот меѓу Србија и Косово, состојбата во БиХ, како и спорот меѓу Бугарија и Македонија. Тоа значи дека Македонија е спакувана во решавање на т.н. српско прашање на Балканот.
– Потребно ни е многу трпение, но и голем ангажман за да се надминат овие спорови, рече Меркел.
Во врска позицијата на Франција за проширувањето на ЕУ, Меркел рече дека францускиот претседател Емануел Макрон исто така бил на виртуелниот состанок. Тој „јасно се изјаснил за перспективата на членство во ЕУ на земјите од регионот”. Таа сепак објасни дека освен во Франција и Холандија, дискусии за проширувањето на ЕУ се водат и во Германија. Таа повика Конференцијата за иднината на Европа да го даде одговорот на прашањето: Кога ЕУ повторно ќе биде подготвена за проширување?
Значи премиерот Заев е пуштен по вода. Потпиша Преспански договор, го смени името Македонија, а за возврат не добивме ништо.