Повеќе ви се исплати да јадете кавијар и суши одошто домашно македонско сирење

Цените на пренхрабените производи константно се зголемуваат и покрај тоа што се создава лажен привид дека не се движат многу по нагорна линија, тврдат експертите по економија.

Тие навестуваат тешка есен, а уште потешка зима, во која голем дел од македонските граѓани едвај ќе можат да скрпат крај со крај.

Во маркетите цената на зејтинот се движи околу 130, поевтиниот, цената на брашното за еден килограм е над 36 денари за килограм, килограм домати се над 65 денари, компирот се продава за 40-50 денари за килограм, јаболката е од 40 до 80 денари за килограм, а литро млекото се наоѓа за од 51 до 80 денари.

За килограм мелено месо граѓаните треба да одвојат од 250 до 340 денари, за свинско од 390 до 440 денари просечно, додека говедското е од 600 денари нагоре…

 

Цената на лебот, пак, чија количина во пакување производителите знаат да ја намалат за да не му ја сменат цената, се продава од 33 денари нагоре. Деновиве тешко може да се најде сирење поевтино од 350 денари за килограм.

За да се купи поевтино мора да се шета од продавница во продавница.

Илјада денари се малку за дневно да пазариш неколку основни производи, се жалат македонските граѓани, кои велат дека едвај го скрпуваат месецот со месечните примања.