МОЖЕ ДА ЗАПРЕ ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТИТЕ ОД КОРИДОРИТЕ 8 И 10Д „Бехтел и Енка“ не добиле ниту денар годинава

Јавното претпријатие за државни патишта не ги префрлило договорените 250 милиони евра за реализација на проектот за изградба на автопатските делници од Коридорите 8 и 10д, кој го спроведува конзорциумот „Бехтел и Енка“, а тоа може да го забави напредокот и да предизвикаат дополнителни трошоци за државата ако не се надминат навреме, се наведува во Извештајот од надзорот за прогрес на работите на Kоридор 8 и 10д за јули

Во него се наведува дека конзорциумот не добил пари во текот на 2024 година како што е договорено, а нема ниту добиено објаснување за причината од страна на Државни патишта. Последната трансакција Министерството за транспорт и врски ја направи во последните два работни дена од минатата година кога на ЈПДП му исплати 43 милиони евра.

Ова сугерира дека изведувачот работи на свој ризик, што е невообичаена пракса во проекти од ваков обем. Останува нејасно дали и кога ќе се реализираат потребните исплати од државниот буџет, што би овозможило непречено продолжување на проектот“, се наведува во Извештајот.

Според податоците од извештајот, земјените работи и конструкциите продолжиле главно на три од четирите планирани делници. Делниците кои се изградени се Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола.

Во извештајот се вели дека во последниот период се работело на изградба на камп за работници и дека се врши ископ на градежен материјал, се чекаат и документи за урбани проекти од општините Тетово, Гостивар, Прилеп и Битола. Се споменува дека во тек е и геодетското координирање и мапирање, што според изведувачот е при крај, а поголемиот дел од работата на испитувањето на почвата бил завршен.

„На трасата Прилеп – Битола изведувачот истражува неексплодирани средства (бомби, гранати, гранати, нагазни мини, поморски мини, касетна муниција и друга муниција) кои не експлодирале кога биле употребени и сè уште претставуваат ризик од детонација“, се вели во Извештајот

Loading