Тинејџери во Штип живеат во вонбрачна заедница, нивните родители го дозволиле неформалниот брак

Двајца малолетници на возраст од 14 и 13 години од Штип живеат во вонбрачна заедница. Стручните служби со родителите на малолетниците веќе разговарале, кои ветиле дека нивните деца ќе го дооформат своето основно образование.

Во Штип намален е бројот на малолетнички бракови во изминатите години. Според Адемов голема заслуга имаат постојаните едукации и разговори и со родителите и со децата, а овде допринесува и Кривичниот законик, детските бракови се забранети и брачната заедница не може да се официјализира доколку немаат 16 години.

Со донесувањето на законските измени, брак може да се склучи само доколку и двајцата партнери се минимум 16 години и имат согласност од родителите. Адемов истакна дека ова придонесува за намалување на бројот на малолетнички бракови во последните неколку години.

Loading