НИЕ НЕМАМЕ ПРОБЛЕМ со Бугарите, туку со избугарените Македонци, кои пострадале да станат нешто што не се, мислејќи дека ќе си ги скратат маките!
Наместо тоа, тие живеат во вечна агонија, на себе и помеѓу себе, секој можен ден да си докажуваат колкави големи Бугари се, кој од кој поголем, а на нас да ни докажат дека направиле правилен чекор, кој би требало и ние да го направиме!
ОВА Е СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ, кој си бара сериозна психијатриска експертиза, а јас тука не можам да помогнам! Не сум стручен! Навистина не знам што е правилно и како да се постапи со овие наши луѓе.
СЕРИОЗНА ДРЖАВА (каква што не сме) до сега ќе направеше стручна институција, која ќе се занимаваше со овој наш најголем проблем, па на политичарите, но и целокупната јавност ќе ни дадеше јасни инструкции (базирани на научна основа), како да се однесуваме со избугарените Македонци. Тоа го немаме!
Што се однесува лично до мене, јас сум пробал со кротко, со строго, со почит, со навреди… едноставно нешто недостасува?
На нашите избугарени чеда им е потребна помош!
ШТО ЗАБЕЛЕЖАВ?
Највеќе страдаат поради 100 годишното игнорирање од нашите стари и сега од нас. Едноставно сакаат да бидат во центар на нашето внимание, сакаат да зборуваат за нивната болка, сакаат да се докажат дека не погрешиле или барем лошо не мислеле, дека морале… едноставно им тежи и сакаат да си олеснат! Немаат омраза, барем постарите, туку болка! Таа создава фрустрација, а таа фрустрација создава конфликт! Но зошто конфликт?
ДАЛИ Е ВРЕМЕ да престанеме да ги навредуваме и омаловажуваме, а да започнеме кон секое изгубено чедо од мајка Македонија, да им поклониме внимание? Секое дете, без родителско внимание, страда! Така и нашите избугарени чеда! Не знам! Не сум стручен!
Конфликтот е отсуство на доверба! Дали треба да работиме на меѓусебна доверба? Не знам! Треба стручни да кажат!
ОВА Е ВАЖНО за сите наши изгубени чеда, тоа е сржта на Каузата! Зарем на толку потрошени милиони, немаме пари да платиме експертиза? Домашна и странска?
Арамииве покрадоа милијарди! Како еден не кажа, ајде за Каузата јас ќе платам еден стручен (експертски) тим, кој ќе одговори на овие прашања! Една помочана студија да направат, наместо во една вечер тие пари да ги потрошат на вино и пури?!? Еве за Казауата, една вечер нема да излезе! И до толку не не’ бидува!
Останува да плати сиромаштијата! Милион Македонци по едно евро, милион евра! Повеќе од доволно!
Всушност така започнале и Евреите! Од најсиромашните! Покасно, за да се фалат, се вклучиле богаташите!
Не знам дали ме разбирте колку е важен овој проблем? Без затворање на овие прашања, ние напред не можеме! Ако проблемот им го оставиме на децата, ништо не сме направиле!
НИЕ ТРЕБА ДА ГО РЕШИМЕ!
#прогресивенпатриотизам #МакедонскиКонцепт
![]()

