Мицкоски им честита на пензионерите: Од утре ќе земаат повисоки пензии

Пензионерите од утре ќе добиваат повисоки пензии.

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави видео порака во која се вели дека утре (1-ви октомври) ќе бидат исплатени повисоките пензии.

„Ја користам оваа прилика да ви честитам поголеми пензии кои што ќе започнат да се исплаќаат од утре. Тоа што го ветувавме во кампањата за повисоки пензии, за линеарно зголемување на пензиите станува реалност“, вели Мицкоски.

Тој изјави и дека утре на пладне ќе биде отчетот на Владата каде што ќе може да се види што е направено во овие 100 дена.

Идната година, пензионерите пак ќе треба да добијат покачување.