И оваа година на крајот на месецов ќе треба да ги менуваме стрелките на часовниците. Последниот викенд во месец октомври, поточно ноќта помеѓу 26 и 27 октомври, ќе треба да ги подесите часовниците и стрелката да ја вратите еден час наназад. Па така, во три часот наутро, часот ќе биде два, а вие ќе добиете уште еден час повеќе за спиење.
![]()

