Ахмети се наметнува како главен опозициски лидер: Филипче и СДСМ во сенка поради овие фактори?!

И покрај катастрофалниот пораз на изборите, СДСМ никако да се врати во игра. Нивниот пад е значителен, а по ударот на изборите, никако не можат да бидат главна опозициска партија.

За тоа има неколку фактори:

Прво: СДСМ не може да го критикува ВМРО-ДПМНЕ ниту поради Преспански договор, ниту поради уставни измени со Бугарија, а најмалку поради евроинтеграциските процеси на Македонија токму поради фактот што токму тие беа оние кои го потпишаа погубниот Преспански договор со ветување дека веднаш после ова ќе бидеме на портите на ЕУ, а потоа и полноправна членка на сојузот. Потоа се потпиша и договорот со Бугарија, со кој наместо пријателство, за жал добивме уште поголеми пречки кон тој европски пат, но и уште позаострени односи со источниот сосед.

Второ: СДСМ дозволи токму ДУИ да биде промотор на тие европски политики, но и главен двигател на нивната Влада. Дозволија во лицето на Артан Груби да бидеме препознаени како држава, а токму ДУИ беа оние кои преку нивните говори постојано го потценуваа македонскиот народ.

Трето: СДСМ беа оние кои дозволија корупцијата и криминалот да продолжат да цветаат, наместо да добиеме правда која граѓаните со години ја очекуваа!

Четврто: Токму во време на СДСМ Груевски побегна, а политиката стана пазар како во фудбалот!

Петто: Ги заборавија инвестициите и не донесоа ниту една значајна инвестиција, а со тоа заборавија и на младите и на илјадници македонски семејства кои надежта ја видоа во заминување од татковината.

Постојат уште многу други фактори, но ова се едни од најзначајните поради кои СДСМ беа прегазени на избори, а поради кои нема да успеат да се наметнат како главен опозициски фактор.

Венко Филипче е оставен сам на пресконференции. Освен него и Кузевска, не гледаме никој друг да се појави во јавноста да ги поддржи во било што, бидејќи сите знаат дека за што и да отворат уста, немаат легитимитет да зборуваат за тоа.

Ахмети пак од друга страна, се обидува да ги оддржи верувањата кај нивниот политички електорат дека тие се уште најсилната партија која не сака по секоја цена во Влада, туку сака единствено просперитетна и европска Македонија.

Иако не е многу за верувања ова, сепак ДУИ ќе успее да се наметне како главен опозициски фактор, нешто што на СДСМ нема да му успее во наредните 2-3 години. Тоа колку е добро за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи токму тие ќе водат битка со оние кои правеа зулум на државата, толку е лошо и за државата бидејќи СДСМ како македонска партија за жал ќе бидат долго време во тешка опозиција која нема да има кредибилитет и авторитет да отвори било какво прашање со кое ќе може да ја врати довербата во нивното раководство!

Loading