Богојески: Да ги собереме сите етнички Македонци со бугарски пасоши и да создадеме македонски здруженија и организации, па и институции во ЕУ и Бугарија!

Фејсбук статус на претседателот на Македонски концепт Петар Богојески.

Во продолжение Ви го пренесуваме неговиот статус во целост:

БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ И МАКЕДОНЦИТЕ

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА СЛИКАТА од периодот помеѓу двете светски војни, колку убаво е напишано👇🏼
Бугарија тогаш (повеќе од сега), имала околу 6,5 милиони жители од 11 различни националности (етноси), а сосема случајно баш Македонците протестираат, кои биле повеќе од 50% од населението, а немале признати права после бегството на Ванчо Михајлов во 1934 година.
Тоа значи дека, Бугарија е повеќе македонска од колку оногурска држава (по името на старите Бугари). Над 50% од населението се етнички Македонци, а едвај 5% може да се етнички Оногури.
Бугарски пасош може да имаат сите Македонци, чии дедовци се бореле за ослободување на Бугарија или во Македонскиот ополченички полк во ПСВ и многу други историски настани.
ПОГРЕШНО Е да бараме признавање на македонско малцинство од 300 души во Бугарија (како до сега), по теркот на старата јужнословенска доктрина. Треба да ги собереме сите етнички Македонци со бугарски пасоши и да создадеме македонски етнички здруженија, организации, па и институции во ЕУ и Бугарија!
ВРЕМЕ Е да кандидираме етнички Македонци за пратеници во ЕУ Парламент, за кои ќе гласаат сите Македонци со ЕУ пасоши, вклучително и тие со бугарски. За тоа си сака труд и посветеност. Подготвени сме!
Тоа е таа ОФАНЗИВНА ПОЛИТИКА НА МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ, за која ви говориме!
За сега, етничките Македонци не даваат доволно поддршка и сакаат да биде како до сега! Тоа е право на избор!

Loading