ПЕНЗИОНЕРИ, ИЧ ДА НЕ СЕ СЕКИРАТЕ, КАСАТА НА ФОНДОТ ЌЕ БИДЕ ПОЛНА Буџетот на ПИОМ за 2025 година ќе тежи скоро 2,3 милијарди еврa

ПЕНЗИОНЕРИ, ИЧ ДА НЕ СЕ СЕКИРАТЕ, КАСАТА НА ФОНДОТ ЌЕ БИДЕ ПОЛНА Буџетот на ПИОМ за 2025 година ќе тежи скоро 2,3 милијарди еврa

Новиот уџет за 2025 година на државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), во однос на сегашниот, ќе се зголеми за 376 милиони евра. Според поставените буџетски проекции адресирани до Министерството за финансии, ПИОМ до година предвидува поголеми приходи и трбошења во однос на годинава, пишува Порталб.мк.

Само за алиментирање на „социјалните бенефиции“, со кои се опфатени и пензиите, во 2025 година ќе се потрошат 2,2 милијарди евра. ПИОМ на ниво на државата е институција со најголем годишен буџет.

Зголемени пензии, зголемен број на пензионери, повеќе приходи од раст на платите
Во документот на ПИОМ адресиран до Министерството за финансии се наведува дека следната година, за да се финансираат сите планирани расходи, касата на државниот фонд треба да „тежи“ фантастични 2 278 073 000 евра што е за 376 331 000 евра повеќе во однос на проектираните трошења за годинава.

Зголемениот буџет на ПИОМ пред сè е поради најавеното ново линеарно зголемување на пензиите, но раст има кај речиси сите трошковни ставки. Така најголемата ставка „социјални бенефиции“ која ги опфаќа и пензиите се зголемува на 2,2 милијарди евра.

„Во 2025-та расходите за пензии се планираат да се зголемат и тоа по основ на усогласување на пензиите и согласно планираниот пораст на нови пензионери во 2025-та од 0,9%“, се наведува во предлог-буџетскиот документ.

Следната година 78,1% од вкупните расходи на ПИОМ ќе завршат за исплата на пензии.

За „плати и надоместоци“ сумата се зголемува на 6,3 милиони евра како сумата за вкупната администрација која ќе достигне 10 милиони евра. Ставката „стоки и услуги“ следната година е проектирана да се качи на 2,6 милиони евра при што се предвидуваат зголемени трошоци за комуналии, договорни услуги, за материјали и ситен инвентар, додека „капиталните расходи“ (вклучени и капиталните расходи од посебниот буџетски дел) во 2025-та е предвидено да се зголемат на 2,1 милиони евра. Единствена ставка на расходната страна која се предвидува да се намали е „субвенции и трансфери“ со проектиран износ од 540 000 евра.

Loading