Богојески до Османов: Подобро е господинот Османов да се задржи на медицината и да го остави меѓународното и уставното право на професионалците

БОГОЈЕСКИ ДО ОСМАНОВ

Во врска предлогот на господин Османов за внесување на Бугари во Устав со можност за повлекување на таа одлука после 5 години преку клаузула во Закон за спроведување на Устав, можам да констатирам дека станува збор за чист политички егзибиционизам и волунтаризам, на што бевме навикнати во времето кога тој беше МНР.

Подобро е господинот Османов да се задржи на медицината и да го остави меѓународното и уставното право на професионалците. Невозможно е суспендирање на уставни одредби без нова постапка за измена на Устав.

Уште потрагично во неговиот предлог е суспендирање на веќе добиени права на Бугарите, кои ќе подлежат на реверзибилен процес.

Тоа е пиши бриши стратегија на граѓанските права, што би важело за Бугарите, а што со останатите народи кои ќе бидат внесени во Устав, како Хрвати, Црногорци и Евреи? И на нив ќе им правиме пиши бриши? Тоа е скандалозно за Македонија пред светот!

Што е целта на Османов, да не претстави како земја во која не се почитуваат основните човекови права и слободи, па да започне да плаче дека и Албанците се жртви на тоа поведение? Срамно од негова страна!

Впишување на Бугари и други делови од народи во Уставот, не смее да продолжи. Заврши советската ера и таквите необолшевички устави. Ничии граѓански права не смеат да бидат оспорувани, поради етничка припадност или политички односи помеѓу државите. Гаранција за тоа е граѓански Устав!

Ја поттикнуваме Владата да го интензивира евроинтегративниот процес, за што доставивме еден, а ќе доставиме и посебен предлог за растеретување на преговарачката рамка од билатерални прашања.

#граѓанскиустав #МакедонскиКонцепт

Loading