Бурна ноќ на полицијата: апсења низ цело Скопје, претежно млади паднаа во рацете на полицијата

СкопјеБурна ноќ на полицијата: апсења низ цело Скопје, претежно млади паднаа во рацете на полицијатаAvatar
ОдСкопје1.мкОбјавено на 20/10/2024

Денеска (20.10.) во 02.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Б.(27) од Гостивар затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (20.10.) во 02.30 часот во Градскиот парк во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.П.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (20.10.) во 03.25 часот во Скопје, во угостителски објект на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(24) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (20.10.) во 03.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Р.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.10.2024 година во 12.20 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.К.(23) од Куманово, со престој во Скопје, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa кафеава грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Loading