Премиерот на Албанија, Еди Рама, со своите изјави за влијанието на странските фактори врз меѓународната потерница за Артан Груби, предизвика бура од реакции во Македонија. Неговите ставови отворија сомнеж за посветеноста кон меѓународното право и обврските за екстрадиција, додека Петар Богојески жестоко реагираше, нарекувајќи ги овие позиции неприфатливи и штетни.
Во продолжение реакцијата на Богојески:
ВНАМАВАЈТЕ колку е ова неприфатливо!
Премиерот на Албанија, Еди Рама си дозволи да го критикува влијанието на странските фактори во однос на меѓународната потерница за Артан Груби, што отворено ја доведува во прашање неговата посветеност кон меѓународното право и обврските за екстрадиција.
Ваквиот став е проблематичен, бидејќи сугерира дека за Рама, како левичарски лидер, меѓународното право и обврската за екстрадиција не се приоритет, туку дека проблемот го гледа во влијанието на “странците”.
Ова предизвика негативни реакции кај македонските граѓани, при што некои го опишуваат ваквиот став како “мизерен” и “гнасен”, особено во контекст на левичарската идеологија која традиционално се залага за криминал зад превезот на “меѓународните норми и соработка”.
Оваа ситуација отвора поширока дебата за односите помеѓу Македонија и Албанија, особено за балансот помеѓу почитувањето на меѓународните обврски и заштитата на албанските криминалци, особено во контекст на левичарските политички движења во регионот, во кои спаѓаат и ДУИ!
![]()

