ДРАМА ВО МАРКЕТ ВО НАСЕЛБАТА КАРПОШ сакал да ја ограби продавницата

Полицијата информира дека маж се обидел да ограби маркет во скопски Карпош.

На 1o-ти јануари во 18:30 часот, полицијата добила пријава за обид за кражба во маркет во оваа скопска општина.

Според пријавата, во 15:40 часот, маж со физичка сила и закана со остар предмет се обидел да украде производи, но бил спречен.

При обидот, тој нанесол повреда на една од вработените.

Полицијата започнала истрага за расветлување на случајот.

Loading