ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА сончево со утрински температури и до минус 10 степени

Денеска времето ќе биде сончево со многу ниски утрински температури. По котлините ќе има појава на магла.

Утринската температура ќе биде најниска во Берово, -10 степени, а максималната дневна од 12 степени ќе биде во Гевгелија.

УХМР информира дека од понеделник ќе преовладува променливо облачно време, а во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд и на планините од снег.

Дневните максимални температури во текот на неделата ќе се движат од 10 до 14 степени, а утринските од -4 до 4 степени.

Loading