КАКВИ КОНЕКЦИИ имала судијката што го ослободила Васо со неговото семејство? – зошто не е изземена!

Радио Лидер објави дека семејството на судијката Даниела Алексовска Стојановска има конекции со семејството на Васил Јованов Васо. Имено, мајката на Васил, А. Јованова цели 5 години и два месеци работела во иста компанија со сопругот на судијката Е. Стојановски.

Како што пишува Лидер, проверките на нивните јавни профили на професионалните социјални мрежи Linkedin и Xing, покажуваат дека А. Јованова и Е. Стојановски заедно работеле во компанијата ИТС ИСКРАТЕЛ Телекомуникациски системи од јануари 2003 до февруари 2008 година. Информацијата е потврдена и од неколку актуелни и поранешни вработени од компанијата, кои и приватно се дружеле заедно со нив.

Нивните поранешни колеги за Радио Лидер брифираат дека двајцата колеги биле куќни пријатели, но оваа информација не можеме да ја потврдиме. Она што можеме да потврдиме е дека двајцата сигурно работеле заедно и со самото тоа семејствата се познавале од порано. Ова отвора сомнеж дека некој замолил за пријателска услуга, но, за ова прашање истрага веќе би требало да води судскиот совет.

Овие информации отвораат дилема и околу тоа дали судијката Даниела Алексовска Стојковска во случајот против Васил Јованов од 2024 година требало да се изземе од судењето? Со оглед на тоа дека кодексите и правилата диктираат дека доколку судијата и обвинетиот на еден или на друг начин имале блискост, судијата треба да се изземе од предметот и истиот треба да биде доделен на друг судија.

Целиот текст може да го прочитате на овој ЛИНК.

Loading