Словенечката влада планира да ја зголеми старосната граница за пензионирање за две години, јави Б92.
Преговорите за пензиската реформа се влезени во втората фаза, а на преговарачката маса веќе е отворено разгледување на членовите од законот.
Документот покажува, како што јави Радио Словенија, дека Владата планира да ја зголеми старосната граница за пензионирање и процентот на придонеси.
Што се однесува до условите за пензионирање, сепак останува предлогот осигуреникот да стекне право на старосна пензија со навршени 67 години доколку има најмалку 15 години стаж на осигурување.
По навршување на 40 години пензиски стаж осигуреникот во 2028 година треба да наполни 60 години и 3 месеци, а во 2034 година 61 година и 9 месеци.
Процентот на придонесот би се зголемувал секоја година – од сегашните 63,5 отсто, постепено би се зголемувал за 40 години стаж на осигурување и би изнесувал 70 отсто на крајот на преодниот рок за осигурениците, а за 15 години стаж на осигурување, процентот на процена би се одредувал по стапка од 30 отсто.
![]()

