СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Н. (32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено поризводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При преглед во возило „ауди“ во кое се превезувал, пријавениот проголтал пакување со кокаин, по што полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, го лишиле од слобода и го пренеле во Општата болница во Охрид.“
![]()

