Македонската пејачка Елена Ристеска изминатиот викенд настапи на концертот на српската ѕвезда Милица Павловиќ во Скопје, привлекувајќи големо внимание со својот впечатлив „пинк“ стајлинг.
Елена сподели нови фотографии на социјалните мрежи, документирајќи го целото искуство – од моментот на подготовка и позирање, па сè до самото заминување на концертот.
За својот беспрекорен изглед, таа упати огромна благодарност до стилистот Даниел Николовски, кој стои зад нејзиниот моден избор за оваа специјална вечер. Фотографиите на Елена може да ги проследите на следниот линк:
![]()

