Во несреќата 23-годишната студентка починала на лице место.
Општинското државно обвинителство во Риека поднесе обвинение против 43-годишниот камионџија кој доведе до трагедијата во Ловран во која загина студентката Стела Новаковиќ (23) од Дарувар .
Според обвинението, камионот имал необезбеден метален стабилизатор, при што додека возел ja усмртил Стела, а уште еден пешак тешко повредил, јавува 24сата.хр.
По спроведена истрага, возачот е обвинет за тешко кривично дело против општата безбедност. Според обвинението, тој на 30 јануари 2024 година не го прицврстил металниот стабилизатор, кој додека возел ненадејно излетал од камионот и удрил во случајни минувачи на тротоарот.
Во незгодата на лице место починала 23-годишна студентка, додека со тешки телесни повреди се здобил уште еден пешак (29).
Обвинителството посочува дека обвинетиот, инаку косопственик на градежен занает и возач на камион со бетонска пумпа, бил свесен дека несоодветното обезбедување на опремата може да загрози животи. Но, тој не верувал дека може да се случи несреќа, а со тоа го прекрши Законот за заштита при работа.
Според обвинението, тој не се погрижил работната опрема да биде безбедна, одржувана и користена во согласност со прописите и упатствата на производителот.
Потресни сцени од местото на несреќата…
Сведоците опишаа ужасни сцени на местото на трагедијата. Полицијата тој ден ја блокираше улицата за да истражи, но крвавите траги сведочат за тежината на несреќата.
Стела Новаковиќ студирала во Риека и била исклучително посветена на учењето. Тој ден, по полагањето на испитот, отишла на кафе со колегите од Факултетот за менаџмент во туризам и угостителство. За жал, додека се движеле по тротоар, одзади дошол камион и ја удрил.
Животот и бил полн со предизвици – ги изгубила мајка си, бабата и дедото, но и покрај се продолжила со студиите и имала само една година да дипломира. По завршувањето на факултетот планирала да се пресели во Пула, каде живеело нејзиното момче Лука, со кое имала долга врска.
Нејзината прерана смрт остави неизбришлива трага кај семејството, пријателите и колегите, кои се восхитуваа на нејзината сила и упорност.
![]()

