Голем пожар изби доцна синоќа во зграда во Кисела Вода, наспроти општината и за жал, има и повредени, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„Еден стан е целосно изгорен, а неколкуте зафатени ги оставија станарите под ведро небо цел вечер. Веднаш со мојот тим се упативме на местото на настанот. Жителите на оваа зграда се евакуирани и во моментов се во мојот кабинет, на безбедно и топло и тука ќе останеме заедно“, напиша Ѓорѓиевски на својот Фејдбук профил.
![]()

