Еве од кога ќе се пишуваат првите казни – Камерите за „Безбеден град“ се подготвени

Имплементацијата на системот „Безбеден град“ се очекува да профункционира од 1 јануари 2026 година.

За негова примена се потребни пет законски измени, при што до крајот на апрол е очекува сите измени на закони поврзани со безбедноста на сообраќајот во државата да бидат доставени до Собранието. Првите казни ќе почнат да се изрекуваат од 1 јануари 2026 година, но системот ќе почне да функционира и порано, со тоа што ќе се испраќаат предупредувања до возачите за направените прекршоци.

Дел од системот „Безбеден град“ ќе бидат и возила со опремени со паметни камери кои при движење во рамки на конкретни сообраќајници и улици ќе ги констатираат сите погрешно паркирани возила.

Според Тошковски, пак, сепак останува фактот дека бројот на прекршоци годинава е двојно зголемен во однос на лани.

-Ако во 2024 година имало околу 2.000 прекршоци на ниво на СВР Скопје за период од 10 дена, годинава има околу 4.000 прекршоци, што се констатирани со зголеменото присуство на полицицајци на терен, рече Тошковски, кој вчера говореше на јавната трибина за измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоци за проектот „Безбеден град“.

Тој кажа дека со системскиот пристап работната група утврдила дека се потребни промени во пет законски решенија за овој проект квалитетно да профункционира и тоа за Законот за безбедност на патиштата, Законот за прекршоци, Законот за возила, Кривичниот закон и Законот за извршување на санкции. Сите тие, смета тој, се клучни закони кои треба да претрпат измени за да создадеме функционално системско решение.

-Ова е прв приоритет на МВР. Во наредните месец дена ќе работиме интензивно на целокупанта легислатива која што е потребно да се промени, и се надевам дека до крајот на месец март ќе имаме првична верзија на сите закони коишто треба да влезат во процедруа се со цел во април да влезат во владина процедура, а се надевам до крајот на месец април да влезат и во собраниска процедура, изјави Тошковски, повторувајќи дека целта не е да се казнуваат граѓаните, туку да се смени сообраќајната култура и да се намалат сообраќајните прекршоци и несреќи.

Loading