(ВИДЕО) Mицкоски ги расчисти сите дилеми за нашата надворешна политика со ЕУ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека никој не треба да има дилема во нашата усогласеност со надворешната и одбранбена политика со Европската Унија. Ние, рече Мицкоски на прес-конференција во Владата, секогаш ќе бидеме усогласени со ЕУ, но застанавме зад реозлуцијата за Украина со нашиот стратешки партнер САД.

Прашањето за усогласеноста на Македонија со онаа на ЕУ се отвори во јавноста откако беше соопштено дека земјава била коспонзор на Резолуцијата на САД во ОН за Украина.

– Ние застанавме со нашиот сатратешки партнер, тоа се САД, а тоа не беше резолуција на ЕУ бидејќи исто така коспонзор на резолуцијата на САД е земја – членка на ЕУ, а тоа е Унгарија. Нашиот став кога станува збор за усогласена надворешна политика на ЕУ, тука не треба да има никој дилема бидејќи ја имаме усогласено нашата надворешна и одбранбена политика заедно со Европската унија, но во случајот тоа не беше случај. Ние застанавме позади резолуцијата и бевме коспонзори на резолуцијата на САД која што е единствената усвоена резолуција од страна на Советот за безбедност, а тоа значи дека е апликативна, рече вечерва Мицкоски, кој најави нова инвестиција во гасни централи која би изнесувала близу една милијарда евра од страна на турската групација „Казанчи Холдинг“, која преку своите енергетски компании што работат под брендот „АКСА“, е еден од најголемите енергетски гиганти во својата област.

Со повеќе од 25 години искуство, „АКСА Енерџи“ е водечка турска компанија во енергетскиот сектор и клучен глобален инвеститор во одржлива енергија. Компанијата располага со инсталиран капацитет од над 3.500MW во осум земји. Додека мнозинскиот сопственик на „АКСА Енерџи“, „Казанчи Холдинг“ работи во 22 земји на четири континенти.

– Јас во минатото говорев, кога станува збор за решавање на проблемот со загадување на воздухот дека разговараме со инвеститори кои се заинтересирани за градење на когенеративни гасни централи кои всушност се единственото трајно решение за загадениот воздух. И дека се друго би значело ставање на проблемот под тепих, рече Мицкоски на прес-конференцијата по средбата со раководството на „Казанчи Хоилдинг“.

Како што кажа, станува збор за когенеративни централи со 500MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво.

Loading