Душата на Феликс вреди колку човечката – Анима Мунди пред Кривичен суд бара затвор за убиецот

Група активисти за правата на животните утрово одржаа мирен протест пред судењето за обвинетиот кој со стап го тепаше бездомното куче Феликс кое подоцна почина од повредите во стационарот за бездомни кучиња Лајка.

Од судот побараа затворска казна за обвинетиот и поголема системска казнивост за малтретирање на животни. Од здржението Анима Мунди најавија дека ќе поднесат иницијатива до министерството за правда за воведување на кривични дела кои ќе опфаќаат малтретирање на животни како борба со кучиња и напуштање на миленици.

Ова е прво судење за кое јавноста пројави интерес, а по објавените снимки на кое се гледа како обвинетиот со стап го тепа едногодишното бездомно куче, на плац во Момин Поток. Казната која е предвидена за малтретирање на животно е, од парична, до затвор од една година.

Loading