АНИМА МУНДИ ГО ОСУДИ УБИЕЦОТ: „Не биди Љубе“ – човек кој мачеше куче откако му уринирало во кругот на сервисот (ФОТО)

Кутре старо околу една година беше крвнички претепано во Момин Поток, Скопје, на 19.11.2024. Силниот тепач, со метална шипка го удирал кутрето по глава додека можел и додека се движело. Покрај него, група негови пријатели го гледале и го бодреле ѕверското однесување на извесниот Љубе Крстевски. Причината? Кучето уринирало на имотот на „господинот“ Љубе, пишува Ивана Јордановска.

Како што вели таа, целиот инцидент е снимен од камера во близина и снимката набргу почнува да циркулира во македонската јавност. Ова е приказната за Феликс, но и кристален приказ на гнилоста во нашето општество.

Огнен Чанчаревиќ, новинар во ТВ Телма, денес исто така се придружи на апелот на Анима Мунди, објавувајќи фотографија од „Љубе“, човекот кој му пресуди на кутрето Феликс.

Loading