Мицкоски патува во Турција, ќе се сретне со Ердоган

Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во посета на Република Турција. Како што соопштија од владината прес-служба, Мицкоски ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Мицкоски и Ердоган ќе потпишат заедничка политичка декларација за основање Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Македонија.

Овој Совет, како што велат од Владата, се основа со цел продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.

Loading