Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја поддржа и ја охрабри Комисијата за заштита на конкуренцијата, која поведе прекршочна постапка против четири големи синџир-маркети и против Сојузот на стопанските комори за нелегално договарање цени.
Од Комисијата засега не даваат дополнителни информации, бидејќи тече рокот во кој засегнатите страни можат да достават аргументи. Претходно, се изјаснија и од Сојузот на стопански комори од каде рекоа дека се непријатно изненадени постапката на Комисијата. Премиерот, Христијан Мицкоски возврати дека секој оној којшто мисли дека со трикови ќе се служи, има Закон и ќе сноси одговорност соодветно на законот.
Во меѓувреме, согласно измените на Законот за заштита на потрошувачите, почнувајќи од средината на април, трговците ќе имаат задолжителна обврска да ги објавуваат цените на сите производи на своите интернет страници. во наредните 10 дена ќе бидат објавени и правилниците а ќе има и строги казни. За маркетите кои нема да ја почитуваат одлуката ќе следуваат казни кои ќе се движат од 500 до 10.000 евра, па и до затворање на маркетите во траење од 15 дена.
![]()

