Неколку познати метеролози најавуваат што може да очекуваме оваа пролет и лето.
Балканот во моментов е под влијание на топлотна купола, метеоролошки феномен познат и како африкански антициклон, кој носи пријатно топло време со надпросечни температури за овој период од годината.
Метеоролозите објасниуваат дека топлотната купола е предизвикана од топлиот воздух што зафаќа поголем дел од атмосферата и може да трае повеќе од еден месец кога ќе се стабилизира времето во нашиот регион.
Овој пат, топлотната купола нема да донесе екстремни температури, туку ќе овозможи пријатно пролетно време со температури меѓу 17 и 22 степени во следните седум дена.
Сепак, од вторник се очекува зголемена облачност, повремен дожд, а ќе пристигне и сахарскиот песок.
Постуден период се очекува помеѓу 15-ти и 20-ти март, кога температурите ќе се спуштат на 10 до 12 степени, а можни се и падови меѓу 5 и 10 степени. Враќање на снегот е можно во планинските предели.
Метеролозите нагласуваат дека се изненадени од појавата на топлотна купола во март, бидејќи ваквите феномени обично се јавуваат во јули и август.
Тие ја поврзуваат зачестеноста на топлотните куполи со глобалното зголемување на температурата, која во последните 50 години се зголемила за околу два степени.
Што нè чека летово?
Гледајќи во иднината, метеоролозите веќе сега предвидуваат многу жешко лето, со првиот топлотен бран во јуни и температури што ќе достигнат и до 35 степени.
Во јули и август, температурите ќе надминат 40 степени, што најавува екстремно топло лето.
![]()

