Со моќна порака за студентите: Јелена Ѓоковиќ испрати силен повик до граѓаните на Србија

Јелена Ѓоковиќ сподели серија фотографии и видеа од собирот на студентите во Белград, што се одржа вчеравечер, ден пред денешниот голем протест, испраќајќи инспиративна порака не само до граѓаните на Србија, туку и до младите и идните генерации.

Како личност која со години зборува за важноста на образованието и воспитувањето, а отворено споделува и свои дилеми за родителството, Јелена денес, на денот на големиот протест во Белград, ги охрабри студентите и граѓаните.

„Вака се слават највисоките човечки вредности – истрајност, храброст, чесност, мирољубивост, вера, единство, правда, лојалност, надеж и љубов. Благодарност до Бога што ве имаме. Со вас сите повторно сме студенти“, напиша таа.

принтскрин Инстаграм

Во друга објава, каде што се гледа црвениот тепих што им беше прострен на студентите во Белград, додаде: „Каков прекрасен, млад свет имаме!“

Нејзините зборови брзо се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи позитивни реакции и восхит кај бројни корисници.

 

Loading