Невообичаена глетка: Погледнете го моментот кога полицијата и граѓаните се поздравија на протестот во Белград

Студентите-редари, по 19 часа дежурство, ги отстранија своите обележја и изјавија дека денешниот протест повеќе не е нивен, откако се случија неколку инциденти, а беше прекината и 15-минутната тишина со која на плоштадот Славија им се оддаваше почит на жртвите.

Сè уште не е јасно кој, како и зошто ги предизвикал инцидентите, особено откако масовниот протест, на кој се собраа десетици илјади луѓе, мирно влезе во четвртиот час од официјалниот почеток во 16 часот. По немирите, студентите одлучија да се повлечат назад на своите факултети.

На Булеварот Крал Александар пристигнаа полициски возила. Нешто пред 19:45 часот, по инцидентот што се случи пред српското Собрание, единицата на полицијата што ја обезбедуваше зградата ја напушти својата позиција.

При заминувањето, граѓаните ги испратија со аплаузи, а припадниците на полицијата им отпоздравија. Сепак, стануваше збор само за смена – нова група припадници беше распореденa кај Собранието, пренесува N1.

Loading