Новиот премиер на Србија е лекар – Вучиќ го соопшти името на мандатарот, „најголем експерт за ендокринологија од Виена до Истанбул“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа објави дека професор доктор Ѓуро Мацут е мандатар за состав на новата Влада на Србија. Тој го соопшти ова од Палата Србија, нагласувајќи дека Мацут поседува професионални и лични квалитети, како и стручност и посветеност потребни за функцијата премиер.

Во обраќањето, Вучиќ истакна дека Мацут ќе продолжи со програмите за подобрување на животниот стандард на граѓаните, со фокус на здравство, образование, инфраструктура, енергетика и европски интеграции.

Еден од приоритетите ќе биде и реализацијата на светската специјализирана изложба EXPO 2027 во Белград.

Вучиќ го нарече Мацут „најголем експерт за ендокринологија од Виена до Истанбул“ и додаде дека е горд што Србија првпат по децении ќе има лекар како премиер.

Loading