Голема побарувачка за сезонски работници во Хрватска: Плати и до 1.800 евра – се бараат овие професии

Работодавачите во Македонија, особено во туризмот и угостителството, се соочуваат со сè посериозни проблеми поради масовното заминување на работната сила во Хрватска, каде што годинава потребата од сезонски работници во туристичкиот сектор се проценува на околу 70.000 работни места.

Хрватските компании активно бараат готвачи, слаткари, келнери, велнес терапевти и други профили, нудејќи им значително повисоки плати отколку што се просечните во Македонија – што дополнително ја влошува ситуацијата на домашниот пазар на труд.

Платите за сезонските работници во Хрватска се движат од 1.300 до 1.800 евра нето, плус обезбедено сместување и храна. За споредба, платите за келнери и готвачи во Македонија ретко надминуваат 30.000 денари, што е најмалку четири до пет пати помалку.

 

Loading