Во основното училиште „Панајот Гиновски“ во скопската населба Бутел биле забележани стаорци, кои слободно се движат не само во дворот, туку и во училници и други простории. Родителите на учениците велат дека нема да ги испраќаат децата на настава додека трае ваквата ситуација, објави телевизијата „21“.
Родителите се жалат и на општа нехигиена во училиштето, особено во тоалетите.
На снимката која ја објави телевизијата може да се види како голем стаорец се движи покрај ѕидот на школото, додека дете поминува покрај него.
![]()

