Големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и Владата кон крајот на годината, по редовниот конгрес на партијата – најави партискиот лидер и премиер Христијан Мицкоски во своето обраќање на Конференцијата на УЖ.
Рече кој ќе се покаже во работата ќе остане, а на другите ќе им се заблагодари.
Мицкоски кажа дека очекува убедлива победа на локалните избори, но и политичка пензија за лидерот на ДУИ Али Ахмети. Според него кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во сите општини воделе 3 до 4 пати споредбено со кандидатите од опозицијата. Најави дека нивните имиња ќе се објават во два циклуси, од кои првиот ќе биде кон крајот на месецов.
– Не само што водат нашите најдобри кандидати, туку водат и останатите двајца, тројца, четворица кои се на листите коишто се споредуваат со евентуалните кандидати, коишто ќе ги предложи опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ победува на овие избори, а опозицијата прашање е дали ќе освои 2,3 или 4 општини. А ако продолжи вака како што тргнале нема да бидам изненаден ако не освојат ниту една општина- Христијан Мицкоски – претседател на Влада
во своето обраќање премиерот упати жестоки критики кон доскорешниот владин партнер Арбен Таравари, кој одлучил да биде маша на ДУИ, која како што рече, од него побарала да објави самостојни советнички листи со цел да брои повеќе советници од ВРЕДИ.
– Сакам да му порачам дека неговите калкулации на долг рок нема да му испаднат добро за неговата партија. И дека со ваквото однесување на излегување и влегување во влада, кое е рамно на она “како до сега”нема да помине долго кога и неговите сегашни партнери од ДУИ ќе го сфатат и дека нивното партнерство е со времен карактер и нормално дека тоа ќе трае додека не добие подобра понуда или додека нема некоја друга уцена за нешто и ќе му се заблагодарат не далеку од сега.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада
Мицкоски се осврна и на договорот за стратешко партнерсво со Обединетото кралство и инвестицискиот циклус од 6 милијарди евра. Тој уште еднаш го нарече историски, нагласувајки дека ќе ја зајакне македонската економија и ќе отвори нови работни места.
![]()

