Европската куќа на ракометот падна на колена – Правилата за Македонија не важат, ова е мизерија!

Не стивнуваат реакциите по вчерашниот преседан во европскиот ракомет откако натпреварот меѓу РК Алкалоид и АЕК е одложен

Грчките ракометари одбија да излезат на теренот во арената „Борис Трајковски“ бидејќи нивните навивачи не биле во салата, а ова според македонските навивачи значи дисквалификација и автоматска победа за македонскиот ракометен клуб.

За навивачите Алкалоид е победник, со оглед дека противникот е дисквалификуван во пракса. Инаку, се чека официјално да се произнесе Европската ракометна Федерација.

Еве дел од реакциите и коментарите на социјалните мрежи:

– За вакви случувања не постои никакво друго пишано правило во Правилникот на ЕХФ, освен службен резултат од 10:0 за Алкалоид! Секоја друга одлука од корумпираната ЕХФ ќе биде калкулантска и без преседан во аналите на ракометната историја. Најверојатно одлуката ќе биде донесена во вторник! За мене АЛКАЛОИД е новиот шампион во Европскиот Куп.

Loading